Охридските фудбалски арбитри ќе имаат полни раце работа во втората рунда од Првата македонска фудбалска лига, откако добија доверба да судат на два од петте мечеви на програмата.
На жешкиот терен во Чаир, Шкупи ќе го пречека составот на Работнички, а главен судија на овој меч е Марјан Ецкоски. Негови помошници се стружаните Аце Мацески и Лазе Чакарески.
Во Тетово, Ренова ќе ги одмери силите со Македонија Ѓорче Петров, а на центарот ќе биде Марјан Маркоски. Еден од помошниците на Маркоски ќе биде охриѓанецот Жарко Тодоровски.
Дербито на колото можеби и на полусезоната меѓу Вардар и Шкендија ќе суди интернационалниот судија Александар Ставрев.
Двојки: Шкупи – Работнички, Пелистер – Брегалница, Силекс – Победа, Вардар – Шкендија, Ренова – Македонија ЃП.
OhridNews