Фудбалерите на Струга Трим Лум го положија оружјето во Велес, претрпувајќи пораз од Борец 2-1 (0-0), во 14-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
Стружани остануваат без победа, со негативен биланс и само три бодови освоени на гостински терен во прволигашката конкуренција сезонава.
Избраниците на Срѓан Захариевски, без разлика на поразот одиграа квалитетен и добар натпревар. На крајот од првиот дел, стружани, останаа со фудбалер помалку, после црвениот картон на Буњамин Шабани. Сепак, играчкиот дефицит не им пречеше и на стартот од вториот дел успеаја да стигнат до водство. Стрелец беше охриѓанецот Абдулхади Јахја, кој со глава ја погоди мрежата на домаќините.
Борец после примениот погодок фрли се на нападот. Стружани оддолеваа до 74-та минута. Капитенот на домаќините Никола Прелчец со одмерен удар стрелаше во целта и изедначи на 1-1. „Црвено белите“ во Велес капитулираа во 86-та минута. Трајче Трајков биеше прецизно од белата точка.
В недела, Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува тимот на Академија Пандев.
- Резултати:
Работнички – Пелистер 1-0
Борец – Струга Трим Лум 2-1
Шкупи – Беласица 3-1
Шкендија – Македонија ЃП 5-0
Силекс – Вардар 1-0
Академија Пандев – Ренова 0-1
Табела: Шкендија 30, Шкупи 28, Македонија ЃП 26, Борец 22, Силекс 20, Струга ТЛ 20, Вардар 19, Работнички 17, Ренова 14, Пелистер 12, Академија Пандев 10, Беласица 9
OhridNews