Охриѓанецот Абдулхади Јахја со погодок во 87-та минута од натпреварот донесе триумф за Струга Трим Лум во дуелот со Работнички (2-1), на Градскиот стадион „ФК Караорман“ во Струга.
Јахја мрежата на Работнички ја погоди со глава после одличниот центаршут на Филип Миленковски. За младиот фудбалер ова е втор погодок во краток временски период. Јахја во листата на стрелци се запиша пред три мечеви во мечот со Борец во Велес.
Претходно, за стружани реализираше Флорент Османи, а за гостите од Скопје прецизен беше Фахрудин Ѓурѓевиќ кој стрелаше од белата точка. Стружани со победата над Работнички ставија точка на серијата без победа од четири мечеви и се приклучија во горниот дел до табелата.
Најголем победник во оваа рунда е Шкендија. Тетовските „црвено црни“ победија кај Академија Пандев со 1-0 и ги искористија нерешените средби на Шкупи кај Ренова односно на Македонија Ѓорче Петров во градското дерби со Вардар.
- Резултати:
А. Пандев – Шкендија 0-1
Борец – Силекс 2-0
Пелистер – Беласица 1-0
Струга ТЛ – Работнички 2-1
Вардар – Македонија ЃП 2-2
Ренова – Шкупи 0-0
Табела: Шкендија 39, Шкупи 33, Македонија ЃП 33, Струга ТЛ 25, Борец 25, Силекс 22, Вардар 22, Работнички 21, Ренова 16, Пелистер 15, А. Пандев 14, Беласица 9.
OhridNews