Дербито во 30-та рунда од Првата лига помеѓу Шкендија и Вардар кое требаше да се одигра во Куманово е одложено по новонастаната ситуација во најсеверниот град во нашата земја.
Тетовските „црвено црни“ поради реновивањето на градскиот стадион во Тетово мечевите како домаќини ги играат во Куманово.
Поради одложувањето на овој меч ќе се одложат и другите натпревари кои треба да се одиграат во исти термин.
Целосното коло во Првата лига ќе се одигра в недела со почеток во 16:30 часот, а Шкендија – Вардар ќе се сретнат во Скопје на стадионот во Маџари.
Мх.П.