По средбата на комесарот за натпреварување Миле Спиркоски и прволигашите, “едногласно“ одлучија да се пролонгира стартот на прватата македонска фудбалска лига. Наместо на 4-ти март, шампионатот ќе стартува седум подоцна односно на 11 март додека второлигашите ќе започнат на 10 март, в сабота.
– По барањето на клубовите стартот на првенството е одложен за седум дена. Како комесар за натпреварување ги почитувам желбите на екипите и го пролонгиравме почетокот на пролетниот дел – истакна Миле Спиркоски.
Единствени кои биле против одложувањет на стартот се Вардар и Хоризонт Турново.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com