По минималната победа на Работнички против Хоризонт Турново “модата“ на добри резултати ја продолжија Тетекс и Силекс.
“Фенерџијата“ во елитата Тетекс успеа да остане непоразен на гостувањето во Скопје кај Металург ремизирајќи без голови 0-0 додека Силекс која поголем дел од подготовките ги помина во Охрид забележа “покер“ победа 4-0 против Дрита.
Гол серијата за кратовчани ја започна Стаменковиќ, ја продолжи Павловиќ додека печат на победата стави Велинов со двата погодоци.
Првата рунда од пролетниот дел од сезоната ќе се комплетира среда со натпреварите Брегалница – Напредок, Шкендија – Ренова и големото дерби Пелистер – Вардар.
Резултати : Работнички – Х. Турново 2-0, Металург – Тетекс 0-0, Силекс – Дрита 4-0.
Табела : Вардар 38 бодови, Х. Турново 35, Металург 32, Напредок 31, Шкендија 29, Брегалница 24, Работнички 24, Дрита 23, Ренова 21, Пелистер 19, Силекс 18, Тетекс 13.