Немилосрдни беа домаќините на стартот на третата рунда од Првата Македонска Фудбалска Лига. На петте одиграни натпревари триумфираа домашните екипа, а единствено фудбалерите на Победа како гости успеаа да постигнат погодок.
Резултати:
Ренова – Металург 4:0
Вардар – Напредок 2:0
Македонија ЃП – Силекс 2:0
Милано – Победа 3:1
Вчера:
Работнички – Пелистер 2:0.
Во ова коло слободно беше екипата на Хоризонт Турново
Табела: Македонија Ѓ.П. 47 бода, Ренова 40, Милано 39, Вардар 34, Работнички 32, Хоризонт Турново 24, Силекс 23, Металург 19, Победа 19, Напредок 18, Пелистер 18.
М.П.