Без победник и без голови 0-0 заврши воведниот меч од 22 рунда во Првата МФЛ помеѓу Работнички и Ренова. “Романтичарите“ и “гипсарите“ мораа да се задоволат со по бод, по кој нема значително да се измени ликот на прволигашката табела.
Останатите мечеви се играат утре, а Младост во Охрид ќе го пречека лидерот Вардар. Уште играат Шкупи – Силекс, Металург – Шкендија и Брегалница – Хоризонт. Мечевите започнуваат во 14 часот.
OhridNews