Охриѓаните во екипата на Брегалница, Ристе Маркоски и Сашо Ѓорески во името на Драган Христовски добија нов тренер.


Искусниот Христовски на клупата го замени Ѓоре Јованоски, кој не успеа да го врати сјајот на штипскиот клуб во Првата лига.

Христовски до сега ги предводеше младинците на Брегалница, а од пред неколку дена има нова задача да ја спасува екипата од испаѓање.

По 14 одиграни натпревари штипските сини имаат девет бодови и се наоѓаат на деветтата позиција на табелата.

Деби на клупата Христовски ќе има на мечот со Ренова во Тетово.

Мх.П.