Новајлијата во прволигашкото друштво Шкупи на 9 мај во првата рунда од новата сезона ќе го предизвика бранителот на трофејот Вардар.


По пауза од подолго време Шкупи иначе поранешна Слога Југомагнат се враќа во елитата, а ќе има пеколен старт против шампионот.

Исто така тежок почеток на прволигашката авантура ќе има и Младост кој гостува во Тетово кај аспирантот за висок пласман Шкендија.

Дерби пресметка ќе се одигра во Штип меѓу Брегалница и освојувачот на Купот, Работнички.

Младост Царев Двор генералката пред почетокот на Првата лига ќе ја одигра во Охрид против тимот на Партизани од Албанија вторник на 28 јули со почеток во 17:30 часот.

Двојки :

Вардар – Шкупи

Шкендија – Младост ЦД

Металург – Силекс

Брегалница – Работнички

Хоризонт Т. – Ренова

Ohridnews