Екипата на Струга Трим Лум, со триумф ја финишираше првата полусезона во македонската фудбалска елита, победувајќи го Шкупи со 2-1, во дербито на колото.
„Црвено белите“ до трите бодови стигнаа благодарание на Абдулхади Јахја, кој втор натпревар во серија постигнува погодок за победа. Јахја овој пат стрелаше во 82-та минута. Претходно, „меч винер“ беше на дуелот со Работнички.
Со целиот плен од дербито со Шкупи, стружани на најдобар можен начин ја заокружија полусезоната и со бистри глави и без резултатски притисок заминуваат на одмор.
- Резултати:
Беласица – Вардар 0-3
Македонија ЃП – Ренова 2-3
Работнички – Борец 2-1
Шкендија – Пелистер 0-1
Шкупи – Струга ТЛ 1-2
Силекс – Академија Пандев 1-2
Табела: Шкендија 39, Шкупи 33, Македонија ЃП 33, Струга Трим Лум 28, Вардар 25, Борец 25, Работнички 24, Силекс 22, Ренова 19, Пелистер 18, Академија Пандев 17, Беласица 9.
OhridNews