Прекинатиот натпревар меѓу Шкендија и Младост Царев Двор ќе се одигра одново во Велес, но со друг судија откако Константин Влахо доби ниска оценка.
Мечот на Чаир беше прекинат поради немање услови за игра, а Влахо „изгоре“ поради пеналот, но и слабото судење во текот на 70-те минути кои се одиграа.
При прекинот голови на средбата немаше, но на новиот меч ништо не важи и мечот ќе започне од првата минута со резултат 0-0.
Судиската органзација во фудбалската федерација на Македонија за мечот меѓу Шкендија и Младост го делегираше Дејан Јакимоски.
Прва МФЛ: Прекинат мечот Шкендија – Младост Царев Двор (фото/видео)
OhridNews