Новиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, Вардар спогодбено се раздели со рускиот стручњак Сергеј Андреев, пренесува „Македонски спорт“.


„Црвено црните“ иако ја освоија деветтата титула во македонскиот шампионат не се задоволни од работата на Андреев. Вардар до титулата стигна на едно коло пред крајот на сезоната, а не успеа да го освои трофејот во Купот на Македонија.

Од таборот на најтрофејниот македонски клуб во најбрз можен рок ќе го назначат заменикот за рускиот стручњак, кој ќе има задача да го одведе Вардар што подалеку во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Ohridnews