Кичевскиот прволигаш Напредок осми натпревар во низа не знае за победа. Во воведниот натпревар од 27-та рунда низ Кичево се прошета составот на Шкендија победувајќи 3-0.

Дилемата околу победникот избраниците на Артим Шаќири го решија во првиот дел кога со головите на Музефер Ејупи во 32-та и 34-та и на Ардит Шаќири во 44-та минута оствари недостижна предност за “ѓаволите“.

Во 62-та минута Напредок остана со десет фудбалери во поле откако капитенот Дејан Цветаноски заработи директен црвен картон.

Во вечерниот термин ќе се сретнат најтрофејните екипи во македонскиот фудбал Вардар и Силекс.

Мх.П.