Борбата за опстанок и трката за второто место, остануваат да се разрешат до крајот на сезонта во првата македонска фудбалска лига. Шампионскиот пехар оди во витрините на Вардар, кој петти пат триумфира во првенството.


“Рибарите“ по поразот во Прилеп, од последнопласираниот 11 Октомври ги намали шансите за опстанок. На три кола до крајот охриѓани заостануваат два бодови зад Тетекс и шест зад Турново. Во 31-та рунда, Охрид на домашен терен го пречекува Работнички. Тетекс бодови ќе брка на домашен терен против 11 Октомври додека Хоризонт Турново гостува кај Брегалница.


Работнички е квалитетн противник, но не ги преценуваме. Ќе истрачаме на теренот, покрај сите проблеми кои се соочуваме во текот на сезоната. Нам ни се потребни трите бода и ќе оставиме срце терен да стигнеме до нив – истакна дефанзивецот на “рибарите“, Александар Бошковски.

Двојки :

Охрид 2004 – Работнички  
Металург – Шкендија  
Брегалница – Х. Турново  
Тетекс – 11 Октомври  
Вардар  – Ренова   
Напредок – Силекс  

Табела :

Табела

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар 30 21 9 0 47:12 72
2 same (2) Шкeндијa 30 19 6 5 52:24 63
3 same (3) Металург 30 17 10 3 49:13 61
4 same (4) Ренова 30 11 12 7 43:36 45
5 same (5) Брегалница 2008 30 11 6 13 44:43 39
6 same (6) Силекс 30 12 3 15 36:44 39
7 same (7) Рaбoтнички 30 10 7 13 44:40 37
8 same (8) Нaпрeдoк 30 10 6 14 31:46 36
9 same (9) Хоризонт Турново 30 8 8 14 26:35 32
10 same (10) Тетекс 30 6 10 14 19:47 28
11 same (11) Охрид 2004 30 6 8 16 23:48 26
12 same (12) 11 Октомври 30 3 7 20 24:50 16

Мх.П.