Новајлијата во Првата лига, Младост од Царев Двор претрпе висок пораз 6-0 од актуелниот првак Вардар на гостувањето во Скопје.


„Црвено црните“ постигнаа по три погодоци во двете полувремиња и го забележаа најубедливиот триумф во новата сезона.

На победа во третата рунда од македонскиот шампионат се радуваа Шкендија и Шкупи кои како гости ги совладаа Металург (3-0) односно Брегалница (2-1).

Третата рунда ќе се комплетира по одигрувањето на дуелот меѓу Ренова и Работнички кој е одложен по барање на гостинската екипа.

Резултати : Вардар – Младост 6-0, Металург – Шкендија 0-3, Брегалница – Шкупи 1-2, Хоризонт Турново – Силекс 0-0.

Табела : Вардар 7, Силекс 7, Шкендија 6, Шкупи 5, Турново 4, Работнички 3 (-1), Брегалница 3, Младост Ц.Д. 3, Металург 1, Ренова 0 (-1).

Фото : Екипа.мк
Мх.П.