Изненадувањето на стартот од сезоната во Првата лига, Младост во Охрид против последнопласираниот Металург ќе бара излез од резултатската криза.


„Зелено белите“ седум натпревари немаат забележано победа, а во толку мечеви постигнаа само еден погодок и тоа во ремито со Шкендија (1-1) на Атина Бојаџи.

Падот на табелата беше неизбежен за фудбалерите на Младост кои од четвртата позиција се „лизнаа“ во опасната зона.

Двојки : Вардар – Брегалница, Шкендија – Турново, Шкупи – Ренова, Силекс – Работнички, Младост – Металург.

Табела : Вардар 33, Шкендија 32, Работнички 19, Силекс 18, Ренова 16, Шкупи 16, Брегалница 13, Младост 13, Турново 12, Металург 5.

Мх.П.