Екипата на Младост од Царев Двор со 2-0 го совлада Металург во дербито на дното од плејаутот во Првата македонска фудбалска лига.

„Зелено белите“ по еднаш во двете полувремиња преку Александар Целески и Салиу Пајазит ја погоди мрежата на „металурзите“ за победа по долга пауза.

Токму Целески на средината од првиот дел ја имапше првата шанса на мечот кога надвор од казнетиот простор биеше за малку покрај голот.

Во 42-та минута Целески ги намести нишанските справи и со одмерен удар од шеснаесет метри ја погоди мрежата на гостите откако со дриблинг се ослободи од противничкиот фудбалер. 

Првите две прилики за погодок во второто полувреме им припаднаа на гостите. Дефанзивецот Конате расчити од гол од линија по ударот на Ѓаковац, а неколку минути подоцна Апостоловски спречки погодок со фантастична одбрана по обидот на Стојановски.

Во 52-та минута домаќините ја казнија не ефикасностата на Металург. Ѓорески се проби по левата страна нафрли во срцето од 16-те метри, а Салиу непречен од никого на прва ја спроведе топката во мрежата. 

„Металурзите“ имаа уште една прилика за погодок, но одново Апостоловски беше сигурен на голот и не дозволи да биде неговата мрежа затресена.

Победата над „металурзите“ е мала утеха за Младост кој по една сезона во елитата ќе се пресели во Втората лига.

Младост ЦД: Апостоловски 3.5, Ќелешоски 3, Ѓорески 3.5, Грозданоски 3, Конате 3, Салиу 3.5 (75` Шаќири), Целески 3.5, Каланоски 3, Ладеира Дани 3 (85`Алуловски), Жоао Камината 3 (86` Хајредини), Хани 3 

Металург: Илиќ 2, Каранфилоски 2, Лескароски 2.5, Стојановски 2.5, Шопоски 2, Наумоски 2, Дигаловски 2, Лекоски 2.5, Стојчевски 2 (77` Асани), Јакимоски 2(46` Додев2), Ѓаковац 2 (77`Канзуров). 

Мх.П.