Екипата на Младост Царев Двор со пораз од Работнички 2-1 ја започна втората полусезона во Првата македонска фудбалска лига.


„Романтичарите“ со триумф над „зелено белите“ му посакаа добре дојде на новиот тренер Томислав Франц кој го замени сега селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски.

Домаќините во првиот дел после погодокот на Марјан Алтипармаковски од пенал поведоа со 1-0. Во второто полувреме Ерера зголеми на 2-0, а во игра гостински фудбалери ги врати Ардит Шаќири.

Дилемите околу победникот ги разреши Христијан Грозданоски кој во 81-та минута доби директен црвен картон по грубиот старт над Алтипармаковски.

Работнички со трите бодови се искачи на третата позиција на табелата додека Младост остана при дното со 16 бодови.

Фото: Екипа.мк
OhridNews