Фудбалерите на Младост Царев освоија голем бод во 10-та рунда од Првата лига ремизирајќи со Шкендија 1-1 на „Атина Бојаџи“.


Гостите доминираа и имаа водство, но „зелено белите“ со својата пожртвувана игра прво израмнија, а потоа одолеаа на сите напади.


Предност за тетовчани донесе Бесарт Ибраими од белата точка, а пред крајот на првиот дел изедначи Ерсен Сали со маестрален погодок од далечина.


Херој на „зелено белите“ беше чуварот на мрежата Илче Петровски кој со бравурзни одбрани ги спаси од пораз своите фудбалери.


За тимот од Царев Двор ова е 13-ти бод сезонава додека Шкендија по ремито во Охрид го загуби врвот во Првата лига.

Мх.П.