Металург ја продолжи црната серија на Младост Царев Двор во Првата лига победувајќи во Охрид во 14-та рунда со убедливи 5-1.


Првиот гостински триумф во елитата сезонава скопјани го најавија со головите на Наумоски и Тантуроски во 5-та односно 8-та минута од натпреварот.

Во 43-та минута од првиот дел домаќините преку Каланоски го намалија резултатот, но само една минута подоцна гостите со голот на Даноски ја вратија предноста.


Избраниците на Алексо Мацков сите дилеми околу победникот ги разрешија на стартот од второто полувреме со погодокот на Стојановски.

Печат на победата во Охрид на Металург стави Ангелов во 73-та минута со петтиот погодок на екипата.


Со вториот триумф сезонава „зелено белите“ стигнаа до осмиот бод на табелата и се приклучија во борбата за опстанок додека Младост продолжи да тоне во резултатска криза која го „лизна“ во долниот дел од прволигашкото друштво. 

Мх.П.