Екипата на Младост Царев Двор по подолго време за израдува на победа во елитното друштво, откако на „Атина Бојаџи“ со 2-1 го совлада Хоризонт Турново во последната рунда од есенската полусезона.
Мечот подобро го започна гостинската екипа која имаше две изгледни прилики за погодок, но не успеа да го матира голманот Илче Петровски.
За неискористените прилики тимот на Турново беше казнет во 14-та минута кога Дејан Цветаноски со погодок ја круниса одличната полуконтра на домаќините.
Покрај негативата „црвено белите“ продолжија со нападите кон голот на домаќините, а тоа го капитализираа во 26-та минута кога го изедначија резултатот со автоголот на Сашо Ѓорески.
Во 39-та минута „зелено белите“ ја враќаат позитивата со евроголот на Александар Далчески кој од 17-18 метри го погоди горниот десен агол.
Гостите во вториот дел продолжија со офанзивната игра, но не најдоа начин да го „пукнат“ бедемот пред голот на Петровски.
Задачата за гостите дополните се отежна во 66-та минута кога Тафе по стартот над Каланоски, охридскиот судија Марјан Ецкоски му додели втор жолт, автоматски црвен картон.
По црвениот картон „спласна“ играта на турновци кои се заканаа само еднаш преку Валентин Кочоски кој мечот го почна од клупата.
По овој триумф Младост стигна до 16-от бод сезонава и се наоѓа на 9-та позиција додека Турново со четири бодови повеќе е на седмата позиција на табелата.
Мх.П.