Екипите на Младост Царев Двор и Металург и официјално отпаднаа од Првата лига откако претрпеа пораз од Хоризонт Турново (2-0) односно Ренова (3-1).
Во преостанатите пет натпревари од плејаутот во елитата Младост и Металург имаат негатива од 18 бодови што и теоретски е недостижно.
Во плејофот Вардар и Шкендија со победи над Брегалница (2-1) и Работнички (3-1) го најавија мега дербито следното коло кое ќе одлучува за титулата во Првата лига.
Резултати:
Плејоф: Вардар – Брегалница 2-1, Шкендија – Работнички 3-1, Силекс – Шкупи 1-0.
Табела: Вардар 68 бода, Шкендија 66, Силекс 43, Шкупи 38, Работнички 36, Брегалница 33.
Плејаут: Х. Турново – Младост 2-0, Ренова – Металург 3-1
Табела: Турново 36 бода, Ренова, 34, Металург 16, Младост 16.
OhridNews