Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Победа и Вардар во рамките од 26-та рунда во Првата македонска фудбалска која се одигра на охридскиот стадион „Билјанини Извори“.
Ремито во Охрид не им оди во прилог на двете екипи. Победа заостанува во битката за опстанок во елитата, додека „црвено црните“ го губат здивот со Шкендија во борбата за титулата.
Прилепчани беа подобар противник во првото полувреме и беа поблиску до водечки погодок. На средината од првото полувреме Коста Манев расчисти од гол линијата после ударот Јорданчо Наумоски, а Благоја Гешоски со глава биеше покрај голот.
Фудбалерите на Вардар беа поконкретни во вториот дел. Ја презедоа иницијативата на теренот и створија неколку прилики, но голманите Дарко Тофилоски и Даниел Котевски кој влезе подоцна со сигурни интервенции не дозволија погодок.
Победа со 18 бодови е последнопласирана на табелата, додека „вардарци“ имаат три бодови повеќе од екипата на Академија Пандев која пак има меч помалку.
Резултати: Ренова – Шкупи 1-0, Работнички – Беласица 1-1, Силекс – Македонија ЃП 1-1, Победа – Вардар 0-0, Академија Пандев – Шкендија 0-1.
Табела: Шкендија 59, Вардар 49, Академија Пандев 45 (-1), Ренова 36, Шкупи 33, Работнички 33, Македонија ЃП 31, Силекс 25, Беласица 23, Победа 19.
OhridNews