Актуелниот првак Работнички и Ренова забележаа минимални победи 1-0 над Пелистер односно Шкендија во 14-та рунда од Првата лига.


Стрелец на голот за „романтичарите“ беше Чума Анене во првиот дел од натпреварот додека тетовското дерби го реши Агрон Мемеди, кој погоди прецизно од белата точка во 90-та минута.

Резултати : Ренова – Шкендија 1-0, Работнички – Пелистер 1-0, Хоризонт Турново – Вардар, Металург – Брегалница, Тетекс – Силекс.

Табела : Вардар 33 (-1), Работнички 28, Шкендија 24, Ренова 19,  Металург 18 (-1), Силекс 18 (-1), Пелистер 17, Х.Турново 16 (-1), Брегалница 9 (-1), Тетекс 2 (-1).

Мх.П.