Со погодокот на Алии во 25-та минута Дрита со минимални 1-0 го совлада Тетекс. Со шестата победа сезонава тимот од Боговиње се искачи на четвртата позиција со 23 бодови додека тетовчани со пет бодови од 15 натпревари се заковани на дното од прволигашката табела.


Возбудувањата од првата мекедонска фудбалска лига продолжуваат в сабота со дуелот Пелистер – Работнички. Останататите натпревари од Вардар – Ренова, Силекс – Напредок, Металург – Х. Турново и Шкендија – Брегалница се играат в недела.

Мх.П.