Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, потешко од прогнозите славеше над „фенерџијата“ Металург, додека Шкендија лесно се справи со Шкупи. Разликата на табелата меѓу двете водечки екипи и по 23-то коло останува пет бода.
Вардар со голем труд стигна до планираните бодови против последнопласираниот Металург. Победата на лидерот му ја донесе Ќеран со голот во 81. минута. Претходно „црвено црните“ постигнаа гол од пенал, преку Којашевиќ во 25. минута, а Асани беше прецизен за Металург во 72. минута.
Шкендија, предводена од напаѓачкото дуо Ибраими-Радески, славеше против Шкупи. Натпреварот што се одигра во Велес со гол во седмата минута го отвори Ибраими, Радески во 52-та зголеми на 2:0, а третиот гол за Шкендија го постигна Тодоровски во 64. минута. Бајрами во 71. минута само го ублажи поразот на Шкупи.
Ренова во второто полувреме го скрши отпорот на Брегалница, Гафури, Муслиу и Селмани беа стрелци на головите на натпреварот кој се одигра во Кичево.
Сигурна победа оставари и Турново во пресметката со Младост. Стоилов постигна гол во 26. минута, израмни Салиу по пет минути игра во вториот дел, а Пандев погоди во 60. минута за 2:1. На десет минути пред крајот Георгиевски ја потврди победата на Турново.
Силекс и Работнички во Кратово го одиграа единствениот натпревар на кој не беше постигнат ниту еден гол.
Резултати: Шкендија-Шкупи 3:1, Силекс-Работнички 0:0, Вардар-Металург 2:1, Ренова-Брегалница 3:0, Турново-Младост ЦД 3:1
Табела: 1. Вардар 58, 2. Шкендија 53, 3. Шкупи 34. 4.Силекс 34, 5. Работнички 33, 6. Ренова 25, 7. Турново 24, 8. Брегалница 23, 9. Младост 16, Металург 13.
OhridNews