Дербито во 12-то коло одиграно во Штип помеѓу Брегалница – Вардар заврши без победник 1-1. Мрежите мируваа во првиот дел, но затоа се тресеа во вториот. Маневски во 60-та ги донесе во водство “црвено црните“ додека конечните 1-1 ги постави Наумов во 76-та минута. 


Металург на “Железара“ претрпе минимален пораз од Дрита 1-0. Стрелец на победничкиот погодок за гостите од Боговиње беше Нухиу на крајот од првиот дел. Најдобрата прилика за изедначување на средбата за Металург ја имаше Чурлинов, кој не успеа да бие прецизно од белата точка во 47-та минута.

Резултати :

Брегалница – Вардар 1-1
Пелистер – Х. Турново 1-1
Шкендија – Силекс 1-0
Металург – Дрита 0-1
Работнички – Ренова 3-0
Напредок  -Тетекс 2-0

Мх.П.