Во дерби средбата, која ја водеше охридскиот судија Стефче Шулески први поведоа гостите, со голот на интернационалецот Драговиќ во 6-та минута. Бод за финалистот во Купот на Македонја донесе Таипи во 52-та минута од натпреварот.
Најдобриот стрелец во составот на Вардар, Јован Костовски со два погодоци го предводеше неговиот тим до победа против Тетекс додека третиот погодок беше дело на дефанзивецот Цикарски.
Табела : Турново 56, Вардар 55, Металург 52, Работнички 43, Шкендија 43, Ренова 38, Брегалница 38, Напредок 37, Пелистер 30, Дрита 30, Тетекс 21, Силекс 19.