Дербито во 22-та рунда од Првата лига со „европски“ карактер меѓу Пелистер – Работнички во Охрид ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје.
Дуелот меѓу Пелистер и Работнички кое ќе се одигра на „Атина Бојаџи“ в недела со почеток во 14 часот е директен дуел за третата позиција која води во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.
„Пелистерци“ со три бодови позитива влегуваат во дербито со „романтичарите“ кои немаат победа два натпревари во низа во елитата.
Охриѓанецот Марјан Маркоски кој конкурираше за мечот на „Атина Бојаџи“ ќе го води натпреварот во Кратово меѓу Силекс – Македонија Ѓорче Петров. Помошници на Маркоски ќе му бидат Жарко Тодоровски и Ацо Мацески, додека четврти судија е Марјан Ецкоски.
Двојки: Шкупи – Ренова, Пелистер – Работнички, Силекс – Македонија ЃП, Вардар – Брегалница, Шкендија – Победа.
Табела: Вардар 47, Шкендија 41, Пелистер 36, Работнички 33, Ренова 28, Силекс 28, Победа 19, Шкупи 18, Македонија ЃП 16, Брегалница 12.
OhridNews