Во вториот натпревар за Брегалница фудбалерот за врска Ристе Маркоски го постигна вториот погодок овој пат во ремито 1-1 со Работнички пред своите гледачи.

Претходно охриѓанецот во дресот на штипскиот прволигаш мрежата ја погоди на дебитанскиот меч со Турново, кој заврши без победник 2-2.

Со погодокот во 49-та минута Дејан Лескаровски го отвори патот за триумф на „млекарите“ против тетовска Шкендија 2-1. Водството за Еуромилк го зголеми Пандовски, а Куртиши само го ублажи поразот.

Мх.П.