Охриѓанецот Ристе Маркоски беше творец на минималниот триумф 1-0 на Брегалница против екипата на Хоризонт Турново.

Победничкиот погодок Ристе Наумов во 35-та минута го постигна откако голманот на турновци Димоски го обрани ударот со глава на Маркоски.

По одиграните натпревари од 24-та рунда во Првата македонска фудбалска лига нов лидер е тимот на Пелистер, кој е предводен од охридскиот стратег Драган Бочески.

Резултати : Брегалница – Х. Турново 1-0, Гостивар – Металург 1-5, Македонија Ѓ.П. – Вардар 2-2, Шкендија – Работнички 3-1, Напредок – Пелистер 1-3.

Табела : Пелистер 44, Турново 41, Работнички 41, Металург 40, Вардар 39, Шкендија 33, Брегалница 32, Ренова 31, Еуромилк 30, Македонија ЃП 23, Напредок 14, Гостивар 14.

Мх.П.