Мечот во Кичево се одигра по еднонеделно одложување поради временските неприлики кои го зафатија градот и теренот кој беше прекриен со снег.
“Зелените“ преку српскиот интернационалец Љубомир Стевановиќ во 32-та минута поведоа со 1-0. Гостите од Скопје предноста ја чуваа до 88-та минута кога новопечениот репрезентативец Маркоски го изедначи резултатот и донесе бод за кичевчани.
Првата полусезона Напредок и Металург ја завршија со 31 бод и ја делат третата позиција на табелата.