Охриѓаните Дејан Лескароски и Сашо Ѓорески нема по добро да го паметат мечот меѓу Металург и Брегалница (3-0) во 14-та рунда од Првата лига.
Дефанзивецот Лескароски, кој настапува за Металург два жолти картони заработи во 17-та и 38-та минута и предвреме го напушти мечот.
Него му се придружи Ѓорески, кој два жолти картони автоматски црвен главниот арбитар Петар Мантев му додели во 58-та односно 67-та минута.
Бодовите им припаднаа на домаќините кои славеа со 3-0, а головите за „зелените“ ги постигнаа Крстев и Радески, кој два пати ја тресеше мрежата на „сините“.
Резултати : Металург – Брегалница 3-0, Турново – Вардар 0-0, Тетекс – Силекс 1-3, Работнички – Пелистер 1-0, Ренова – Шкендија 1-0.
Табела : Вардар 34, Работнички 28, Шкендија 24, Металург 21, Ренова 19, Силекс 18, Пелистер 17, Х. Турново 17, Брегалница 9, Тетекс 2.
Фото : Екипа.мк
Мх.П.