Екипите на Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1 (1-1) во првиот натпревар од 17-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани со погодокот на Флоријан Османи поведоа во првата минута од средбата во Ѓорче Петров. Домаќините после само седум минути игра изедначија, а стрелец беше Бразилецот Паду. До крајот на првиот дел и во текот на второто полувреме мрежите мируваа и мечот заврши без победник.
Македонија ЃП и Струга ТЛ со идентичен број на бодови 23 остануваа во средината од табелата со седум бодови повеќе од Ренова која се наоѓа во опасната зона.
OhridNews