Екипата на Брегалница освои три лесни бодови во Охрид победувајќи го тимот на Младост Царев Двор со 4-0 во 24-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
Штипските сини на охридската арена „Атина Бојаџи“ доминираа од почетокот до крајот на натпреварот и сосема заслужено го однесоа целиот плен од Охрид.
Гостите шанса за прв гол имаа во втората минута од мечот, но Нацев не се снајде најдобро и не успеа да го отвори резултатот.
Сепак, наградата за добриот почеток на мечот за „сините“ стигна во десеттата минута, кога Иван Митров ја затресе мрежата по нафрлувањето на Велинов.
Ниту примениот погодок не ги „разбуди“ фудбалерите на Младост кои одиграа без опасно во нападот.
Во 33-та минута штипските фудбалери ја дуплираа предноста со голот на Стојанов. Дефанзивецот им се протна на домашните фудбалери и на „втора статива“ ја погоди мрежата на домаќините по центаршутот на Здравков.
На истекот од 45-та минута Брегалница зголеми на огромни 3-0. Одличниот контра напад на гостинската екипа со погодок го круниса Танушев.
Двете измени на стартот од вториот дел не вродија со плод. Младост продолжи со играта без идеја во нападот, што на Брегалница му овозможи контрола на играта.
Проблемите на „зелено белите“ ги зголеми Конате кој во 68-та минута по стартот над Митров заработи втор жолт, автоматски црвен картон.
Во 74-та минута директни црвени картони по меѓусебно кошкање добија Ѓорески во домашната односно Темелков во гостинската екипа.
Две минути подоцна Танушев со одмерен удар од шеснаесет метри го постигна вториот гол за него вкупно четврти за составот на Брагалница.
Напаѓачот на „сините“, Нацев во 86-та минута се искупи за промашувањето од стартот на мечот и го постави конечниот резултат (5-0).
Со овој триумф штипјани стигнаа до 26-от бод сезонава и ја прескочија Ренова на табелата додека Младост со 16-ет бодови остана на претпоследната позиција.
Мх.П.