Фудбалерите на Струга Трим Лум запишаа нови три бодови на прволигашката табела со победата над Шкупи 2-0 (1-0) во седмата рунда од македонскиот фудбалски шампионат.

„Црвено белите“ до триумф стигнаа благодарание на Нијаз Лена кој ги постигна двата погодоци. „Десетката“ на домаќините прецизно стрелаше во првото односно второто полувреме. На теренот подобар беше тимот на Шкупи кој имаше посед и прилики, но домаќините максимално ги искористија шансите и заслужено ги освоија бодовите.

Ибраниците на Срѓан Захариевски со третиот триумф на домашен терен се искачија во горниот дел од табелата и се одлепија од екипите, кои се наоѓаат во опасната сезона.

Во следната рунда Струга Трим Лум гостува кај тимот на Македонија Ѓорче Петров, додека Шкупи за поразот во Струга ќе се вади на домашен терен против Борец.

Резултати:

Струга ТЛ – Шкупи 2-0

Академија Пандев – Силекс 1-0

Пелистер – Шкендија 1-3

Ренова – Македонија ЃП 1-3

Вардар – Беласица 3-1

Борец – Работнички 0-0

Табела: Шкендија 17, Шкупи 13, Македонија ЃП 13, Борец 12, Струга ТЛ 12, Силекс 10, Работнички 10, Вардар 10, Пелистер 9, Академија Пандев 6, Ренова 5, Беласица 0

OhridNews