Лавовите од Ѓорче, предводени од Илчо Георгеивски на клупата по воведните 18 кола имаат биланс од 11 победи, 4 реми и еден пораз, со гол разлика (32-8) и со 37 бода повеќе од заслужено се на врвот.
Единствен кој успеаа да го начне лидерот беше кичевски Напредок (1-0) во 10 коло.
Лавовите без цел плен останаа на мечевите со Турново (1-1), Милано (0-0), Силекс (1-1) како и Работнички (3-3).
Сите победи на Македонија Ѓ.П.
На списокот на Македонија се најдоа: на два пати Вардар совладан со по 1-0, два пати Победа (5-0) односно (1-2), како и Металург (2-0), (1-0), Турново (4-0), Пелистер и Работнички по (2-0), Ренова (0-3) и Силекс (4-1) кој беше единствениот тим кој ја затресе мрежата на стадионот во Ѓорче.
Помеѓу вториот Милано (30 б.) , Ренова (29 б.) и четвртиот Работнички (29 б.) е само еден бод разлика.
Горниот дел од табелата се заокружува со најголемото разочарување во овај дел од сезоната петто пласираниот Вардар (24 б.).
Долниот дел од табелата го предводат Силекс (17 б.) и Х.Турново (17 б.).
Победа (16 б.) и Пелистер (15 б.) ги чека долга зима, додека спас ќе бараат Металург (14 б.) и фенерџијата Напредок (14 б.) кој го има охриѓанецот Бочески на клупата.