Екипата на Вардар доживеа тежок дебакл на гостувањето во Тетово претрпувајќи пораз (4-0) од Ренова и ја изгуби втората позиција на табелата. Местото на Вардар го презеде тимот на Академија Пандев кој со минимални 1-0 славеше во дербито со Беласица.
„Гипсарите“ на Вардар шах мат му дадоа во првите 13-ет минути од натпреварот. Рамадани погоди во 9-та, а Мбела стрелаше во 13-та за веќе големо водство 2-0. Гостите од Скопје не се созедоа од шокот и не успеаја да ја намалат негативата до полувремето. На стартот од вториот дел Рамадани погоди уште еднаш за предност 3-0. Точка на победата стави Стојановски во 75-та минута.
Дербито во Струмица помеѓу Беласица – Академија Пандев го реши Љупче Дориев, кој во 19-та минута го постигна единствениот погодок на „гостите“. Триумфот на „пандевци“ покрај три бодови им донесе и искачување на втората позиција на табелата.
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров останаа непоразени во дуелот со лидерот во Првата МФЛ, Шкендија ремизирајќи 1-1. Први до водство стигнаа гостите преку Имери во 5-та минута, а бројките на семафорот ги изендачи Робсон да Силва во 58-та минута. До крајот немаше погодок на двете страни и мечот заврши со поделба на бодовите.
Резултати: Ренова – Вардар 4-0, Македонија ЃП – Шкендија 1-1, Работнички – Силекс 1-1, Шкупи – Победа 3-0, Беласица – Академија Пандев 0-1
Табела: Шкендија 44, Академија Пандев 36, Вардар 35, Работнички 28, Шкупи 27, Ренова 25, Македонија ЃП 22, Силекс 20, Беласица 18, Победа 18.
OhridNews