Со мечевите од 22-та рунда во Првата македонска фудбалска лига заврши вториот круг од првенството. Шампионот во елитата, екипите кои ќе патуваат во Европа и тимовите кои ќе се збогуваат со шампионатот ќе ги дознаеме по одигрувањето на третиот круг или бергеров систем.

Со најдобра позиција за првак во третиот круг стартува Вардар, кој е на врвот на табелата со пет бодови предност пред Турново. Металург има седум помалку од лидерот, а два помалку од Турново.

Во долниот дел од табелата Тетекс е последен со 16 бодови, Силекс има два бодови повеќе, а на местата кои водат во баражот се наоѓаат екипите Дрита 24 бодови односно Пелистер 25.

Двојки за 23-та рунда :

  Вардар – Рaбoтнички
  Хоризонт Т. – Брегалница 2008
  Металург – Пелистер
  Нaпрeдoк – Дрита
  Шкeндијa – Силекс
  Ренова – Тетекс

Табела :

1 same Вардар 22 13 6 3 47:13 45
2 same Хоризонт Турново 22 10 10 2 28:18 40
3 same Металург 22 11 5 6 26:19 38
4 same Нaпрeдoк 22 10 5 7 23:20 35
5 same Шкeндијa 22 10 5 7 37:35 35
6 same Ренова 22 9 4 9 22:28 31
7 same Рaбoтнички 22 9 3 10 30:32 30
8 same Брегалница 2008 22 8 4 10 22:21 28
9 same Пелистер 22 6 7 9 20:25 25
10 same Дрита 22 6 6 10 22:34 24
11 same Силекс 22 5 3 14 22:37 18
12 same Тетекс 22 4 4 14 13:30 16

Мх.П.