Екипата на Пелистер со минимални 1-0 ја совлада Шкендија и стави точка на серијата од пет натпревари без победа во елитното фудбалско друштво. Стрелец на победничкиот погодок за „зелено белите“ беше Ковачев во првиот дел.

Поразот на Хоризонт Турново на гостувањето кај Ренова 4-2, штипските сини го искористија со триумф против Еуромилк 3-0 да се искачат на врвот од Првата лига.

Резултати : Пелистер – Шкендија 1-0, Ренова – Х. Турново 4-2, Еуромилк – Брегалница 0-3, Македонија Ѓ.П. – Металург 1-1, Напредок – Работнички 1-3, Вардар – Гостивар.

ТАБЕЛА: Брегалница 14 бода, Ренова 12, Пелистер 12, Хоризонт Т. 11, Работнички 10, Вардар(-1) 9, Металург 9, Шкендија 7, Еуромилк ГЛ 6, Македонија ЃП 5, Напредок 5, Гостивар(-1) 5 бода.

 

Мх.П.