Некогаш македонскиот фудбалски бренд Вардар во 12 коло успеа да стигне до третата победа во првенството. По долг пост црвено-црните се радуваа на победа на “Филип II“ совладувајќи Силекс со 3-1.
Без победник 1-1 заврши дерби натпреварот во 12 коло од Првата Македонска фудбалска лига помеѓу Металург и Работнички. Домаќините го отворија резултатат преку Стефановиќ во 34 минута. Новопечениот репрезентативец Савиќ во 55 минута ги постави конечните 1-1.
Пелистер стигна до голема победа со 3-1 над Слога Ј, на гостувањето на Чаир. Димитровски, Мировиќ и Клечкароски погодија за “зелените“, додека за гулабите стрелаше Биљали. Ренова ја извојува најубедливата победа во колото откако со 4-0 го совлада Милано.
Мининални победи на актуелниот шампион Македонија ЃП над Тетекс и на Победа над Турново.
Резултати :
Македонија ЃП –
Тетекс 1-0
Вардар – Силекс 3-1
Победа – Турново 1-0
Слога Ј – Пелистер 1-3
Металруг
– Работнички 1-1
Ренова – Милано 4-0
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com