Тимот на Хоризонт Турново на домашен терен го совлада Тетекс 2-0 во 15-та рунда од македонскиот шампионат.

Победата за турновци ја најави охриѓанецот Валентин Кочоски, кој постигна погодок во 29-та минута од натпреварот.

Прашањето околу победникот го реши Григор Долапчиев во 79-та минута, кој влезе на место од Кочоски.

За младинскиот репрезентативец ова трет погодок во дебитанската сезона во елитното друштво.

Резултати : Вардар – Металург 3-1, Шкендија – Работнички 1-3, Брегалница – Ренова 2-0, Пелистер – Силекс 0-1, Х. Турново – Тетекс 2-0.

Табела : Вардар 37, Работнички 31, Шкендија 24, Силекс 24, Металург 21, Х. Турново 20, Ренова 19, Пелистер 17, Брегалница 12, Тетекс 2.

Мх.П.