Екипата на Младост по завршувањето на паузата во македонскиот шампион на теренот во Охрид во недела (16ч) во рамките од 6-та рунда во Првата лига ќе го пречека составот на Силекс.


Кратовчани кои сезонава брилираат и на петте досегашни натпревари имаат забележано три победи, едно реми и само еднаш биле поразени во составот го имаат екс фудбалерот на Младост, Игор Клечкароски кој две сезони беше незаменлива алка во нападот.

Младост во досегашните четири одиграни мечеви имаат две победи и два порази и со шест бодови се наоѓаат на шестата позиција на табелата.

Двојки : Шкупи – Работнички, Младост – Силекс, Шкендија – Ренова, Вардар – Турново, Металург – Брегалница.

Табела : Вардар 13, Шкендија 12, Силекс 10, Шкупи 7, Работнички 6 (-2), Младост 6 (-1), Турново 5, Брегалница 3, Ренова 1 (-1), Металург 1 (-1).

Мх.П.