Новајлијата во Првата лигата, Младост од Царев Двор во втората рунда ја забележа првата победа во елитата совладувајќи го составот на Ренова со 2-1 на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид.
Творци на „сефте“ победата во Првата лига се охриѓаните Антонио Каланоски и Наум Вељаноски кои зад своите имиња запишаа погодок и две асистенции.
Каланоски по асистенција на Вељаноски во 35-та минута со еврогол го отвори резултатот и донесе водство за својата екипа.
Гостите од Тетово во 55-та минута преку фудбалерот за врска Арџент Гафури израмнија и го анулираа водството на домаќините.
Џокер на „белите“ беше Благојче Марковски кој по пет минути на теренот по асистенцијата на Вељаноски втора на мечот погоди за 2-1 и прва победа во дебитанската сезона.
Резултати : Шкендија – Вардар 1-3, Работнички – Хоризонт 4-2, Силекс – Брегалница 1-0, Младост – Ренова 2-1, Шкупи – Металург 0-0.
Мх.П.