Фудбалерите на Вардар, на коло до крајот на првенството, ја освоија шампионската титула. „Црвено-црните“, до јубилејната десетта титула, стигнаа со победата над Шкупи 2-0, со која останаа пет бода оддалечени од Шкендија.


Вардар, дуелот со Шкупи го одигра во Пробиштиш, му беше потребен бод за да ја обезбеди титулата, но во второто полувреме со головите на Грнчаров и Хабмарџумјан забележа победа.

Шкендија во оваа рунда го совлада Силекс со 3-0, додека без голови заврши натпреварот помеѓу Брегалница и Работнички.

Резултати: Вардар-Шкупи 2:0, Брегалница-Работнички 0:0, Шкендија-Силекс 3:0

Табела: Вардар 77, Шкендија 72, Силекс 43, Работнички 43, Шкупи 38, Брегалница 34.

OhridnNews