Екипата на Вардар го повлече првиот потег на трансфер листата и во своето јато го врати повремениот репрезентативец Филип Иваноски.
Со него во составот пред две сезони „црвено црните“ стигнаа до титулата во македонскиот шампионат, а тој беше најдобар стрелец во тимот,а потоа направи трансфер во Астана, Казакстан.
Иваноски ќе биде големо засилување за тренерот Благоја Милевски, кој имаше евидетни проблеми во нападот по повредите на Адемовиќ и Стојков.
Вардар првата полусезона во Првата лига ја заврши на втората позиција со ист број на бодови како Хоризонт Турново.
Мх.П.