Повратникот во екипата на Работнички, Баже Илијовски беше стрелец на единствениот погодок во минамалната победа 1-0 над второпласираниот тим Хоризонт Турново.


Со ангажирањето на неколку квалитетни фудбалери Работнички најави дека пролетниот дел од сезоната ќе преставува кошмар за екипите кои доаѓаат од горниот дел на табелата.

Поразот на Турново во Скопје од Работнички дополнително ќе ја вжешти атмосферата пред неделното супер дерби меѓу Пелистер – Вардар.

Мх.П.