Повремениот репрезентативец Баже Илијоски ги постигна двата погодоци во победата на Работнички против Ренова 2-0.

“Романтичарите“ со триумфот ја продолжија својата победничка серија, а ја запреа онаа на Ренова и ги престигнаа на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

24-та рунда од елитата ќе се комплетира вторник со мечот Дрита – Металург додека в недела ќе се сретнат Тетекс – Шкендија, Брегалница – Вардар, Пелистер – Х. Турново, Силекс – Напредок.

Мх.П.