Екипите на Вардар и Ренова забележаа идентични победи (2-1) над Металург и Брегалница во 19-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.


Во дербито на колото „металурзите“ имаа предност од 1-0, но „црвено црните“ со два погодоци го свртеа резултатот и триумфираа во дерби средбата.

„Гипсарите“ на крилата од Изаир Емини ја совладаа Брегалница и се израдуваа на втората победа во вториот натпревар во продолжението од сезоната во Првата лига.

19-та рунда ќе се комплетира со мечевите Шкендија – Пелистер односно Силекс – Тетекс.

Ohridnews